Холандија ја блокираше Албанија: Вратите на Европската унија затворени за нашиот сосед

Точка

22/06/2018

15:03

8.471

Големина на фонт

а а а

Холандскиот парламент го блокираше отворањето на пристапните преговори со Албанија пред одржувањето на самитот на Европската унија на 28-ми и 29-ти јуни.

Како што пренесува весникот „Де Телеграф“, мнозинството од пратениците, односно 76 од 150 кои што ја поддржуваат владата на Марк Руте, вчера ја затвориле пристапната врата на Албанија во Европската унија поради загриженоста околу борбата против корупцијата.

Само 33 пратеници од Демократската партија и Зелените го поддржале почетокот на преговорите за членство, верувајќи дека земјата сепак ќе се погрижи за владеењето на правото, пристапот кон криминалот и борбата против корупцијата ако имаат јасна перспектива за пристап кон Европската унија.


Пратеникот на холандските Демохристијани, Мартин Ван Хелверт изјави дека Холандија може да го препознае се поголемото влијание на Русија и Кина во Западниот Балкан, но додаде дека тоа не е причина да се прават компромиси околу критериумите на пристапот.

На самитот ќе биде одлучено дали нашата земја ќе добие датум за преговори, откако неодамна беа одстранети сите пречки за добивање на датумот – Македонија и Грција постигнаа договор за решавање на спорот со името на нашата држава.




Спонзорирани линкови

Маркетинг