Европејци се недисциплинирани возачи: Германците возат пребрзо, Грците не врзуваат појас, а еве кој најмногу сака да се расправа во сообраќајот

Точка

22/06/2018

12:37

2.265

Големина на фонт

а а а

Според искуствата на возачите во останатите земји, нивните колеги од медитеранските земји како Грција, Шпанија, Италија и Франција се "најбезгрижни".

Новото истражување фрлило светло на разните лоши навики на возачите во 11 европски земји, па така испаднало дека Германците и Швеѓаните возат пребрзо, додека Грците зад воланот се недисциплинирани, пишува "AFP". 

Истражувањето на концесионерот за патишта - "Fondation Vinci Autoroutes", покажува дека 89 проценти од испрашаните европски возачи признале дека возат побрзо од пропишаните ограничувања, а најбрзи зад воланот се покажале Германците и Швеѓаните, а 93 проценти од нив признаваат дека често не ги почитуваат правилата за максимално дозволена брзина.

Исто така, во Шведска, дури 78 проценти од возачите признале дека не држат безбедносно растојание меѓу автомобилите.

Најнедисциплинирани се Грците, бидејќи дури 49 проценти од нив признаваат дека често возат без да врзат безбедносен појас, а 28 проценти седнуваат зад волан со вишок алкохол во крвта.

Возачите се често и многу непристојни, па 71 процент од нив признаваат дека ги навредувале другите возачи, а 29 проценти од Полјаците не се срамат да излезат од автомобилот и да се расправаат.

Според искуствата на возачите од останатите земји, нивните колеги од медитеранските земји како Грција, Шпанија, Италија и Франција се "најбезгрижни".

Шпанците важат за најнервозни и 66 проценти од нив им свират на возачите кои ги нервираат. Со доаѓањето на летото и годишните одмори, Европејците имаат поголеми шанси за судир, бидеќи често во текот на возењето гледаат во мобилните телефони и GPS апликациите.

41 процент од нив го местат "GPS"-от во текот на возењето, 30 проценти телефонираат без да користат "hands-free" опрема, а 24 проценти од нив пишуваат или читаат пораки и мејлови.

Истражувањето е спроведено меѓу 19. јануари и 27. февруари оваа година на 11.039 лица.




Спонзорирани линкови

Маркетинг