Кобната судбина на советските "вундеркиндови": Биле генијални, но сите завршиле трагично

Точка

22/06/2018

10:26

5.312

Големина на фонт

а а а

Овие млади генијалци скапо платиле за својот талент. Можеле да создаваат ремек-дела и да го воодушевуваат светот, но не можеле да го надминат здравствените и интелектуални проблеми кои на крајот ги чинеле живот.

Ника Турбина 

Ника Турбина, девојка од Крим, своевремено била фалена како новата Ана Ахматова - една од најпознатите руски писателки. Судбината, меѓутоа, кон неа била сурова.

Ника за четири години почнала да пишува и да чита стихови со своите родители. Тоа не била лирика која обично ја пишуваат деца, туку сериозна поезија за возрасен поет.

Јавноста ја забележала Турбина, а потоа уследиле цела низа признанија и награди. Имала девет години кога во Москва била објавена нејзината прва збирка од стихови под наслов "Несредени белешки".

Книгата била преведена на 12 јазици, а во Венеција добила "Златен лав" за поезија, пишува "Russia Beyond". Малку се оние кои знаеле дека Ника од детството имала бронхијална астма и поради тоа имала константна несоница и депресија. За себе велела дека е "ноќна птица".

"Само навечер чувствувам дека сум заштитена од овој свет, од оваа бука, од овие проблеми", велела Ника.

Минале години, а Ника пораснала и се помалку се интересирала за љубителите на нејзината поезија. Се обидувала да го пронајде своето место во животот, се омажила и студирала филмска уметност. Ништо од тоа не и помогнало - последните години од животот ги минала како зависник од наркотици и алкохол.

Имала 27 години кога на 11. мај 2002. година паднала од 5. кат на зграда. Уште не е јасно дали било самоубиство или несреќен случај.

Наџа Рушева

Првите свои цртежи Наџа Рушева ги направила кога нејзиниот татко и читал бајки. Не одела во уметничко училиште, но експертите биле импресионирани од нејзината техника и чувството за стил.

Имала 12 години кога ја организирала првата изложба на своите слики, а потоа уследиле 15 самостојни изложби во разни земји од светот.

Нејзините слики се едноставни, но полни со живот, енергија и динамика.

Инспирирана од романот "Мајсторт и Маргарита", Наџа создала цела серија илустрации од овој роман.

Подоцна Јелена Булгакова, сопруга на покојниот руски писател, ги опишала како најдоброто нешто што некогаш го видела.

Наџа сакала да стане карикатуристка, но таа желба не и се исполнила.

Починала одненадеж на 17 години од излив на крвта во мозокот, кога дошло до вроден дефект на артериите во мозокот. Не стигнала да заврши ни училиште.

Павел Конопљов

Павел Конопљов бил советски "вундеркинд" во текот на 1980-тите. Како 3-годишно дете решавал сложени математички задачи, на 5 години свирел клавир, а веќе во осмата година бил добар физичар.

И покрај сето тоа, се однесувал како обично дете и му пишувал писма на Дедо Мраз.

Одлучил да и се посвети на математиката и се запишал на Московскиот државен универзитет, кога имал само 15 години.

Меѓу првите пишувал програми за првите руски компјутери.

Меѓутоа, сите постигнати успеси ги расипало психолошкото растројство која го принудило Павел да им се обрати на лекарите. За жал, своите последни денови ги минал во психијатриска клиника, каде и умрел во својата 29-та година од тромб во белодробната артерија.

Саша Путрја

Саша Путрја на само 11 години веќе имала 2.000 слики. Нејзиниот татко бил сликар, па таа тргнала по неговите чекори. Сликала луѓе кои ги среќавала, измислени ликови за кои нешто читала и животни во човечка облека. Нацртала и икона од Пресвета Богородица, пишува "Russia Beyond".

Кога во 1986. година го изгледала индискиот филм "Disco Dancer", Саша се заљубила во Индија. Насликала портрет од Индира Ганди, и мажи и жени во индиски носии.

Се насликала и самата себе како Индијка. Насекаде со себе го носела портретот од индискиот актер Митун Чакраборти.

За жал, веќе во петтата година се открило дека Саша боледува од леукемија. После тоа успеала уште шест години да живее и работи, се до смртта во 1989. година.

И покрај краткиот живот, уметничкото наследство на Путрја не е заборавено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг