Девојка тврди дека пиењето на кучешка урина ги отстранува акните, а го демонстрирала и целиот процес

Точка

22/06/2018

10:25

3.589

Големина на фонт

а а а

Лин Лу од Флорида прави нешто што е навистина одвратно и нејасно - таа редовно пие кучешка урина и тврди дека со тоа го исчистила лицето од акни.

Оваа необична девојка секој ден пие топла урина од своето куче, наспроти научно потврдените докази дека вакво нешто може да биде штетно за човечкиот организам.

Но Лин, освен што е уверена дека токму кучешката урина ѝ дава природен сјај на кожата, таа цврсто верува и дека таа лечи рак.

Снимката од која би можело да ви се слоши, Лу ја споделила на Фејсбук со објаснување дека токму "кучешката урина е тајната која фармацевтските компании ја кријат од луѓето".

"Пред да започнам со консумација на кучешка урина бев депресивна, тажна и имав ужасни проблеми со акните. Кучешката урина во себе содржи витамин А, Б и десет грама калциум, а докажано е дека помага и во лекување на ракот", вели Лин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг