Секс скандал во училиште: Наставничка со својата другарка орално задоволувала ученици

Точка

22/06/2018

17:03

9.873

Големина на фонт

а а а

Средношколската наставничка, 24-годишната Талија Сиско и нејзината најдобра другарка, 23-годишната Тина Пурани биле уапсени поради обвинение дека во повеќе наврати наведувале малолетници на сексуални односи.

Американската наставничка и нејзината другарка биле „под лупа“ уште од април, а откако било откриено дека постои истрага, од училиштето во Бернал веднаш ја суспендирале наставничката од Саут Беј, Калифорнија.

Наставничката стапувала во контакт со своите ученици преку социјалните мрежи, а американските медиуми пренесуваат дека таа имала сексуални односи со најмалку три жртви на возраст од 15 и 16 години.


„Веруваме дека постои и четврта жртва поради посредните докази, но се уште не сме во можност да ја идентификуваме“, изјавил шерифот Лори Шмит и додал дека моментално инспекторите се во потрага по уште неколку лица кои што биле во контакт со наставничката и нејзината другарка.

Ако се докаже дека листата со жртви на наставничката е уште поголема, тоа ќе значи дека таа ќе дообие уште поригорозна казна. Таа веќе одговара за повеќекратен орален секс, повторен сексуален однос со малолетници и помагање и поддржување на друг сторител на кривичното дело.


Со оглед на тоа што било откриено дека младата наставничка своите дела ги сторила во период помал од шест месеци, нејзе не ѝ било дозволено да се брани од слобода. Нејзината другарка Пурани исто така ја очекуваат тешки обвиненија, но таа била ослободена со платена кауција од 60 илјади долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг