Трамп се надеваше дека ќе биде пофален, но повторно се најде на удар: Магазинот „Тајм“ со брилијантна насловна страна

Точка

22/06/2018

12:07

2.897

Големина на фонт

а а а

Иако Доналд Трамп посакуваше да се најде на насловната страница во друштво со Ким Јонг Ун поради нивната историска средба во Сингапур, сепак „Тајм“ повторно го нападна.

Магазинот „Тајм“ со насловната страница на новиот број директно го нападна Доналд Трамп кој што неодамна изрази надеж дека ќе се најде на насловната страна, но во друштво на Ким поради нивната историска средба. Трамп заврши на насловната страна, но не онака како што веројатно замислуваше.

На насловната страница се најде Трамп како гледа надолу кон малечко девојче – мигрант кое што плаче, а во позадина пишува „Добредојдовте во Америка“.

Девојчето на насловната страница потекнува од Хондурас, а фотографијата како плаче го обиколи целиот свет, откако на американската граница ја фотографираше Џон Мур. Малечкото девојче гледало и плачело додека полицајците ја претресувале и испитувале нејзината мајка, пред да ги разделат.

„И јас самиот сум татко, па затоа ми беше многу тешко да ги гледам овие семејства како ги сопираат, знаејќи дека наскоро ќе ги разделат од децата“, изјави фотографот Мур.

„Видов на нивните лица дека немаат поим што ќе им се случи наскоро“, раскажува Мур кој што од мајката на девојчето дознал дека тие патувале еден месец за да стигнат во Соединетите Американски Држави и да побараат азил.


Претседателот на САД неодамна донесе контроверзна одлука за разделување на мигрантските семејства на границите на САД од своите родители кои што од граничната полиција заминуваат на детални проверки и испрашувања. Трамп обидувајќи се да го одбрани сето тоа, изјави дека има на располагање само две опции, да ги одвои децата имигранти од своите родители на границата, или целосно да ги отвори границите.

Доналд Трамп се најде под голем притисок на јавноста да ја промени имиграциската политика која што доведе до тоа повеќе од 2,300 деца на имигранти да бидат одвоени од своите семејства во последните неколку седмици. После ова, Трамп најави дека ќе потпише указ со кој што ќе престане разделувањето на децата мигранти од своите родители кои што илегално влегле во САД.



Спонзорирани линкови

Маркетинг