Бијонсе и Џеј Зи моментално се наоѓаат на светската турнеја "On The Run II", а на нивните концерти верен фан од трибините е и нивната ќерка, Блу Ајви. Родителите понекогаш знаат да ги "посрамотат" децата и да ги доведат во непријатна ситуација, па дури и славните.
Исклучок не се ниту славните Џеј Зи и Бијонсе. Без оглед дали се помлади или постари, децата се ужаснуваат од глетката во која мора да ги гледаат своите родители во интимни, па дури и сексапилни пози. Очигледно ноќна мора тоа претставува и за малата Блу Ајви.
Иако некои сметаат дека е прилагодена на такви глетки, постои доказ дека тоа и не е баш така. На видео снимката која е снимена за време на нивниот настап во Лондон, во склоп на нивната заедничка турнеја, можеме да забележиме како малата Блу Ајви прави изрази на лицето кога на големиот екран ќе се појават голи фотографии и сексапилни снимки од нејзините родители.
Претходно беше снимена Блу како се забавува, танцува и им се смее на фановите, па тоа веднаш се промени кога ја здогледа сексапилната видео снимка од своите родители.
Во секој случај неа не ѝ се допадна тоа што го погледнала, па во еден момент се сокрила зад оградата. Тоа не е прв пат Блу Ајви да регира на однесувањето на нејзините родители, како што беше за Греми наградите.