За време на Г-7 самитот Трамп ѝ фрлил бонбони на Меркел: Еве ти Ангела…

Макфакс

21/06/2018

19:56

4.781

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Доналд Трамп, фрлил неколку бонбони кон канцеларката Ангела Меркел за време на самитот на големата седумка во Канада.

Ова за телевизијата Си-би-ес го соопштил политичкиот аналитичар, Јен Бремер, а го пренесува „Спутник“.

Според зборовите на Бремер, инцидентот се случил при крајот на самитот, додека лидерите на седумте индустриски најразвиени земји се обидувале да извршат притисок врз Трамп и тој да стави потпис на заедничкото соопштение.

На крајот, Трамп се согласил да го потпише документот.

„Потоа тој станал, ја ставил раката во џебот од палтото и извадил две бонбони ‘старбрст’ кои ги фрлил на масата и и рекол на Меркел – Еве ти Ангела, да не речеш дека никогаш ништо не ти давам“, ја објаснил Бремер ситуацијата, додавајќи дека разговарал со многу претставници на делегации кои присуствувале на Г-7 самитот во Канада.

Аналитичарот не опишал како реагирала германската канцеларка по инцидентот. Според него, очигледно е дека во моментов двајцата лидери немаат меѓусебна почит и дека нивните лични односи се влошуваат.

На последниот самит на Г-7, кој се одржа во Канада прано овој месец, дојде до пукнатини во единството на најразвиените земји по однос на важни економски, политички и меѓународни проблеми. Претседателот на САД порано го напушти самитот и го стави во прашање исходот од истиот, велејќи дека САД нема да ја поддржат завршната лидерска изјава на Г-7.



Спонзорирани линкови

Маркетинг