Супер баба, наполни 105 години и целиот свој живот го поминала во пиење алкохол, пушење цигари и забава до раните утрински часови

Точка

21/06/2018

19:51

3.191

Големина на фонт

а а а

Хелен Грејнер има 105 години, а како што вели, целиот свој живот пушела цигари, пиела и останувала до доцна во ноќните клубови. Американката Хелен неодамна направи интервју за новинарската екипа на WTSP телевизијата и реши да проговори за својот долг живот.

Иако многумина сметаат дека Хелен имала посебен режим на исхрана или се занимавала со спорт, таа тврди дека во младоста живеела со полн здив, пиела алкохол и пушела цигари. 

"Пиев пиво и пушев цигари. Останував до раните утрински часови во клубовите, знаете многу сакав да играм, а потоа одев на работа", истакна таа.

Хелен многу сакала игри на среќа, но нејзиниот сопруг не ѝ дозволил да оди во Лас Вегас и да се проба во тој свет.


"Мојот сопруг не ми дозволи да одам во Вегас, бидејќи знаеше дека сакам да се коцкам. Обожував слот машини, па отидов откако тој почина".

Таа со текот на годините водела многу нездрав живот, па 105 годишната жена не знае да каже која е формулата за долг живот.


"Никогаш не очекував дека ќе живеам толку долго. Никој од моето семејство не очекуваше. Не знам во што е тајната", рекла Хелен и додала дека својот 105 роденден го дочекала во дом за стари лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг