Суданска тинејџерка осудена на смрт зошто го убила сопругот кој ја силувал

Макфакс

21/06/2018

19:21

2.718

Големина на фонт

а а а

Нура Хусеин, тинејџерка од Судан, ја чека одлуката на судот по однос на жалбата за смртната казна која и е изречена поради убиство на нејзиниот 35-годишен сопруг.

Семејството на Нура Хусеин ја натерало да се омажи кога имала само 15 години, но претходно ѝ дозволиле да заврши средно училиште. Најпрво таа стапила во верски брак, а три години подоцна се одржала и свадбената церемонија.

Кога нејзиниот сопруг посакал да бидат интимни, таа одбила и како што изјавила за Си-Ен-Ен, тогаш нејзиниот сопруг ја силувал додека неговите роднини ја држеле. Кога се обидел истото да го направи и следниот ден, Нура Хусеин го избодела до смрт. Таа ги контактирала родителите за помош, но тие ја предале во полиција.

Поради убиството на нејзиниот 35-годишен маж, на Хусеин судот и изрекол смртна казна. Во моментов девојката се наоѓа во затвор во Омдурман, Судан, каде што чека нов судски процес, бидејќи ја има обжалено смртната казна.

Случајот на суданската тинејџер ја потсети светската јавност за проблемот со присилните бракови и силувања во Судан, земја во која законски одредената возраст за стапување во брак е десет години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг