Burger King со извинение за бизарната реклама упатена кон Русинките: "Доколку забремените од некој фудбалер ќе имате доживотна залиха на хамбургери"

Точка

21/06/2018

19:17

2.920

Големина на фонт

а а а

Бургер Кинг јавно им се извини на жените од Русија поради рекламата за доживотна залиха на хамбургери доколу забременат од фудбалерите на Светското првенство, пренесува Си Ен Би Си.

Корисниците на социјалните мрежи ја нарекоа оваа објава на Бургер Кинг како сексистичка и понижувачка, а и покрај тоа што таа беше набрзо повлечена, и понатаму кружи низ социјалните мрежи. Имено, оваа компанија за брза храна им вети на жените дека доколку успеат да ги "купат" фудбалските играчи, така што ќе забременат и осигураат успех на идната руска фудбалска репрезентација во наредните години ќе имаат доживотна залиха на хамбургери. 

##https://twitter.com/EnglishRussia1/status/1009069886105153536##

Денес од компанијата објавија соопштение со кое им се извинуваат на сите кои поради оваа реклама се почувствувале непријатно.

"Жал ни е поради навредливата промотивна понуда која ја осмисли дигиталниот тим во Русија. Ова не го претставува нашиот цел бренд и вредностите, работиме на тоа вакви работи никогаш повеќе да не се случуваат", пишува во соопштението на Бургер Кинг.


Рекламите во Русија во последно време алудираат на сексизам, поради што жените често протестираат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг