Аеродром на Флорида воведува мерка за скенирање на лицата на сите патници

Макфакс

21/06/2018

18:13

1.403

Големина на фонт

а а а

Најголемиот аеродром на Флорида, меѓународниот аеродром во Орландо, ќе стане првиот во САД во кој ќе се скенираат лицата на патници на сите влезни и излезени летови, вклучувајќи ги и државјаните на САД, објавија денеска аеродромските власти.

Активистите за човекови права се загрижени за тоа што ќе се случува со собраните податоци, бидејќи не се објавени правила за нивно користење, како и што ќе се случи доколку врз основа на оваа мерка на патникот по грешка му биде забрането да се качи во авион.

Аеродромите во Атланта, Бостон, Чикаго, Хјустон, Лас Вегас, Мајами, Њујорк и Вашингтон веќе ги скенираат лицата на патници на некои излезни летови, но не и на сите патници, како што тоа ќе го прави аеродромот во Орландо, објави агенцијата АП.

Во случаите со другите наведени аеродроми сликата од скенирањето на лицето се споредува во биометриската база на податоци на секторот за внатрешна безбедност, во која има слики на патниците кои треба да бидат на летот, со цел да се потврди идентитетот на патникот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг