Каде се страшните руски навивачи? Владимир Путин ги присили да потпишат договор дека нема да организираат насилни сцени

Точка

21/06/2018

17:35

7.664

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин ги присили хулиганите да потпишат "заклетва" дека ќе ги поштедат странските поддржувачи на Светското првенство во фудбал. Член на една од најголемите навивачки групи на Москва, откри дека хулиганите морале да ветат дека нема да бидат вмешани во насилни сцени, пренесуваат британските медиуми.

"Ги предупредија сите кои можат нешто да организираат. Од хулиганите земале изјави и барале да им ветат дека нема да организираат или работат било што за време на Мундијалот. Сериозна работа е направена. Знам луѓе кои ги потпишаа овие документи", вели руски извор за магазинот "Mirror". 


И самиот припадник на навивачката група, тврди дека околу 90 % од активните руски хулигани сосема се повлекле од почетокот на Мундијалот на 14 јуни.

Англиските навивачи сè уште зборуваат за групата руски хулигани кои ги нападнале пред две години во Марсеј за време на Европското првенство. Како што се анализираше после инцидентот, нивното движење и организираност покажувале на сериозни припреми и тренинг за масовната тепачка која ја предизвикале.


"Беше како воена операција. Шутираа луѓе на улица. Некои има руски дресови и маици со лицето на Владимир Путин. Не беа обични хулигани, беа големи и обучени за борба. Еден од нашите момци е ветеран во војска и рече дека нема да оди во Русија. Вели дека било пострашно отколку во војните во кои учествувал", велат британските навивачи.


Како што пишува британскиот "Дејли Стар" зад семејните атмосфери на улиците стои одлуката на Владимир Путин. Рускиот претседател побарал насилството кое беше забележано во 2016 година во Франција не смее да се повтори додека тој е на власт.


Според наводите на медиумите, ноторните хулигански банди не се појавувале ниту на натпреварите. Порталот "Njuz.com.au" наведува дека руските фудбалски навивачи имаат заштита од Путин. Рускиот претседател бил забележан во 2010 година на гробиштата покрај ожалостените навивачи, откако беше убиен навивач на Спартак од Москва од страна на мигрант од Северен Кавказ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг