СДСМ: Химната и државните симболи не се дел од договорот со Грција

Макфакс

21/06/2018

17:23

905

Големина на фонт

а а а

Химната и државните симболи не се дел од договорот и вооопшто не биле дел од разговорите. Што значи дека ниту некој државен симбол се менува ниту пак нивната употреба е доведена во прашање, реагира СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека со договорот со Грција се врши етноцид.

„Договорот го гарантира македонскиот иденитет кој никогаш повеќе нема да биде оспоруван или негиран од другите и се отвораат евроатлантските интеграции кои се врвен национален интерес. Македонски јазик, македонски народ, македонско оро, Македонци, македонски, обезбедени еднаш засекогаш“, се вели во реакцијата.

Во интерес на граѓаните и државата, велат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ да престане со лажните наводи, да покаже елементарна одговорност пред граѓаните и државата и да престане да ја кочи македонската иднина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг