Уште една кинеска иновација: Погледнете зошто овој телефон ја воодушеви светската јавност

Точка

21/06/2018

18:41

5.898

Големина на фонт

а а а

Кинеската компанија Oppo го претстави новиот паметен телефон Find X чиј што екран ја зафаќа речиси целата предна површина од телефонот и воопшто нема “Notch” како на пример кај iPhone X и последните модели на Huawei.

Тоа што го привлекува најголемото внимание е pop-up слајдерот кој што е опремен со три камери и бројни сензори.

Имено, со оглед на тоа што телефонот има екран на целата предна површина, инженерите морале да најдат начин за тоа каде ќе ја сместат предната камера и сите останати сензори. Поради тоа, одлучено е во моментот кога е потребна активација на предната камера, горниот дел од телефонот да се „лизне“ и да се појават вкупно трите камери.

На задната страна има две камери со резолуција од 16 и 20 мегапиксели, додека на предната страна од слајдерот е сместена селфи камера со резолуција од 25 мегапиксели.

Oppo Find X нема „заб“, а на предната страна блеска 6,4-инчниот OLED екран со резолуциија од 1080p кој што зафаќа импресивни 92,26% од предната страна на телефонот, односно нешто повеќе во однос на неодамна претставениот Vivo Nex кој што исто така има pop-up предна селфи камера.


Find X нема сензор за отпечатоци на прсти, но затоа е опремен со побезбедното 3Д скенирање на лице – технологија на која што според Oppo ѝ се потребни 0,5 секунди за извлекување на камерата и отклучување на телефонот.

Find X поседува Snapdragon 845 процесор, 8 GB RAM и 256 GB интерна меморија, два SIM слотови и батерија со капацитет од 3,730 mAh со технологија за брзо полнење. Oppo Find X ќе работи на најновиот Color OS базиран на Android 8.1 Oreo и ќе биде првиот телефон на оваа компанија кој ќе се продава во Европа и Северна Америка, а засега не е познато кога ќе се појави во продажните салони и по која цена ќе се продава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг