Ги врзуваат со камења за половите органи, ги снимаат додека ги силуваат: Цртежите од затвор прикажуваат зошто затворениците одвај чекаат да умрат

Точка

21/06/2018

19:46

9.608

Големина на фонт

а а а

Еден од затворениците објаснил како изгледало сексуалното злоставување на основа на цртежите кои се прошверцувани од затворот Бери Ахмед во градот Аден.

Мажите кои престојуваат во затворот во Јемен наведуваат дека се мачени и сексуално злоставувани во затворите под контрола на Обединетите Арапски Емирати. Во тие затвори се држат лица кои не се осудени, ниту обвинети. 

Наводно злоставување е проследено и од секојдневно претепување на затворениците и затворање во самициа.

Еден од затворениците објаснил како изгледало сексуалното злоставување на основа на цртежите кои се предадени на "AP" од затворот Беир Ахмед во градот Аден.

Цртежите прикажуваат страшни сцени од злоставување, кое го спроведува полицијата на ОАЕ.

Прикажан е човек кој е гол врзан со ланци, а кој е подложен на електрошокови. На друг цртеж се гледа човек кој лежи на под окружен со кучиња, како и графички прикази на силување.

"Најлошата работа е што секој ден ја посакувам смртта, а тоа никако да се случи", вели еден затвореник, пренесува "Sky News".

Тој е во затвор веќе две години бидејќи јавно зборувал против ОАЕ. Во текот на граѓанската војна во Јемен, која трае веќе 3 години, ОАЕ наводно се бори во име на владата на Јемен.

За тоа време неколку стотини мажи завршиле во еден од 18-те тајни затвори под сомнение дека се милитанти на Ал Каеда.

Сведоците велат дека стражарите користат различни методи на сексуално злоставување и понижување. Тие исто така наводно силуваат затвореници, додека таквите сцени цело време ги снимаат.

Користат и електрошокови, а затворениците често се врзуваат и со камења за половите органи. Меѓутоа, портпаролот на Пентагон вели Америка нема докази дека вакво злоставување се спроведува во Јемен.

Ваквиот став е очекуван, со оглед на тоа дека САД и ОАЕ се долгогодишни сојузници. Судирот во Јемен започнал во 2015. година, откако Хутите заземале голем дел од северот на Јемен и главниот град Сана.

Ова ги поттикнало Американците и саудиската коалиција да и помогнат на легитимната јеменска влада. Откако Хутите биле протерани од југот на Јемен, ОАЕ преземале команда на тој дел од земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг