Тешки обвиненија: Америка ги дрогирала децата мигранти со лекови кои може сериозно да им наштетат

Точка

21/06/2018

16:14

2.005

Големина на фонт

а а а

Децата имигранти, одвоени од родителите, принудно добивале широк спектар на психотропни лекови, кои влијаат на менталните функции, се наведува во тужбата.

Тие деца биле одземени од родители и сместени во центри за млади кои ги основала американската влада. Причината за давање на тие дроги, како што е објаснето, е полесно да се носат со траумите откако американските власти ги затвориле и ги одвоиле од родителите. 

Во тужбата која ја поднел Центарот за човекови права во Лос Анџелес, наведено е дека децата биле држени во објекти како Шилох Центарот во Тексас и речиси сигурно добивале дроги, без разлика на нивната дневна состојба и без согласност на родителите.

"Доколку сте во Силох центарот, речиси сигурно сте на тие лекови", рекол еден од адвокатите на Центарот.

Тужбата е заснована на сведочењето на децата кои навеле дека добиле инекции кога одбиле да земат лек, но и родителите кои тврдат дека не биле прашани за согласност нивните деца да земаат лекови за анксиозност.

Земање на различни психотропни лекови во исто време може сериозно да им наштети на децата, се наведува во тужбата и се истакнува потребата за надзор, за да се спречи употребата на лекови.

Потсетуваме, анти-имиграционата политика на американскиот претседател Доналд Трамп, поради која илјадници деца останале заробени во кампусите без родителите, го загрижила светот, но и неговата сопруга Меланија Трамп, која јавно застанала против таквата политика.

Фотографиите од расплаканите деца зад решетки го обиколиле светот, а соочен со се поголеми критики на домашен терен, Трамп вчера конечно донел одлука децата повеќе да не се одвојуваат од своите родители.



Спонзорирани линкови

Маркетинг