Градски летен парк продолжува со проекцијата на „Avec l’amour“ и хитови од „Квин“

Макфакс

21/06/2018

14:54

967

Големина на фонт

а а а

Градот Скопје во соработка со МКЦ и со Македонската филхармонија продолжува да работи на обезбедување атрактивни содржини што ќе ја збогатат летната културна понуда во градот. Програмата за вечер и за утревечер на прес-конференција ја претставија градоначалникот Шилегов, директорот на МКЦ, Русе Арсов и директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески.

„По емитувањето на филмот „Исцелител“ на отворена сцена и настапот на реномираниот џез музичар Феми Кути заедно со Македонската филхармонија, вечер во Градскиот парк на отворено ќе се емитува документарниот филм Avec l’amour, прекрасно филмско остварување и вистински предизвик граѓаните да дојдат во парк. Утревечер, пак, „QUEEN REAL TRIBUTE“, еден од најдобрите светски „Квин“ трибјут бендови, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и со хорот на Македонската опера и балет кај Школка, ќе ги изведат најголемите хитови на една од највлијателните рок-групи на сите времиња „Квин“. Ги поканувам моите сограѓани да дојдат и да уживаат во овој единствен од ваков тип настан во нашиот град“, рече градоначалникот Шилегов. 

Вечер, проекцијата на филмот Avec l’amour започнува во 22 часот, во Градскиот парк, на потегот зад споменикот на Гоце Делчев. Утревечер, почетокот на концертот е закажан за во 21 часот, на бината пред Школка.

„Како и секогаш по вакви настани отпадот го чистиме сами, секако со помош од Град Скопје, Македонска филхармонија и од ПАКОМАК. Градот Скопје работи на враќање на загубениот сјај и приматот на институциите на културата и културните манифестации. Граѓаните заслужуваат Скопје да се најде на светските мапи на врвни културни настани и случувања“, нагласи Шилегов.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг