ЕУ: Храната е најевтина во Полска, а најскапа во Данска

Макфакс

21/06/2018

14:49

1.728

Големина на фонт

а а а

Податоците на Евростат покажуваат дека од земјите членки на Европската Унија храната е најевтина во Полска, а најскапа во Данска.

Во Данска цените на производите и услугите се 42 отсто над просекот во Унијата. Во Луксембург се 27 отсто над просекот, а следуваат Ирска и Шведска. Двојно помали цени од просекот во ЕУ имаат Бугарија, Романија и Полска. 

Кога станува збор за цената на храната, потрошувачката кошничка во Данска е двојно поскапа од просекот во ЕУ, а во Романија е 39 отсто под просекот. Храната е најевтина во Полска, а најскапа, освен во Данска, во Австрија, Шведска и во Луксембург.



Спонзорирани линкови

Маркетинг