Стоилковски: Дали сега граѓаните ќе може да ја пеат химната „Денес над Македонија се раѓа“?

Макфакс

21/06/2018

14:48

1.078

Големина на фонт

а а а

Смее ли државата да издаде учебник во кој ќе пишува Македонија? За што ќе учат децата? Ќе смеат ли децата, а воедно и сите граѓани, да ја испеат химната „Денес над Македонија се раѓа“?, праша Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Смее ли ансамблот ‘Танец’, ако не знаеш, Зоране, создаден со одредба на македонската влада, да изигра македонско оро и дома и во странство? Зоране Заев, сам ли или кој наместо тебе ќе го корне македонското сонце од јавните површини следните 6 месеци онака како што си прифатил во членот 8? Иако целиот член е монструозен, еве што вели став 3 од овој член од договорот што го потпиша Зоран Заев – ‘Втората страна не смее повторно да го употребува на кој било начин и во кои било форми симболот што претходно бил прикажан на своето поранешно национално знаме. Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој договор, втората страна ќе продолжи со отстранување на симболот прикажан на нејзиното поранешно национално знаме од сите јавни места и јавни употреби на нејзина територија’“, рече Стоилковски. 

Според него, овој таканаречен договор е акт на чистење цела нација и, како што рече, е геноцид врз цела нација, односно етноцид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг