Германските енергетски компании на удар: Зад хакерскиот напад стои Русија!

Точка

21/06/2018

15:21

1.781

Големина на фонт

а а а

Германската разузнавачка служба откри дека голем сајбер напад бил изведен на германските енергетски компании, а зад нападот веројатно стои Русија.

Германската разузнавачка служба “BfV” објави дека минатата седмица се случил голем бран на сајбер напади на германските енергетски компании и заклучува дека веројатно зад нападите стои Русија, односно руските хакери.

Шефот на германски “BfV”, Ханс-Георг Масен истакна во разговор за весникот “RND” дека постојат неколку причини зошто Германците веруваат дека зад хакерскиот напад на енергетските компании стои Русија.


„Модус операнди е всушност една од неколкуте индикации кои што укажуваат на руската контрола на овој напад“, изјави Ханс-Георг Масен, но не појасни што точно значи тоа и дали германските разузнавачки служби имаат конкретни докази кои што би ја потврдиле руската вмешаност во хакерскиот напад.

Се разбира, после обвинувањата на германската разузнавачка служба, се огласија од официјална Москва од каде што истакнаа дека „поим немаат за што зборуваат Германците“.

Запрашан за коментар, потпаролот на рускиот претседател, Димитриј Песков накратко порача: „Не знаеме за што тој зборува“.


Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова пак нагласи дека германските служби, пред јавно да изнесуваат вакви обвинувања, треба да покажат некакви докази дека зад нападот навистина стојат руски хакери.

Германската федерална агенција за сајбер безбедност “BSI” овие напади ги нарекла „Дива мечка“ (очигледна референца на Русија), истакнувајќи дека хакерите се обиделе да се пробијат во компјутерските мрежи на германските компании кои што ја снабдуваат со електрична енергија целата држава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг