Убиена лавица откако побегна од кафез во зоолошката градина во Брисел

Макфакс

21/06/2018

13:57

2.201

Големина на фонт

а а а

Лавица е убиена откако избега од својот кафез во белгиска зоолошка градина. Зоолошката градина Планкендал беше евакуирана по бегството на лавицата. Портпаролката Илсе Сегерс првично изјави дека лавот не избегал од зоолошката градина и дека никој од посетителите не е во опасност.

Сепак, медиумите јавуваат дека лавицата еден час се наоѓала на слобода и вработените не можеле да ја фатат и да ја вратат во кафезот. Притоа испуштала застрашувачки звуци, поради што на децата кои биле во посета на зоолошката, не им било дозволено да ги напуштат автобусите. 

Зоолошката градина подоцна објави преку Твитер дека по два неуспешни обиди да се совлада лавицата, таа била застрелана. Тие тврдат дека ниту еден посетител или член на персоналот не бил во опасност за тоа време. 

Лавицата го напуштила кафезот веднаш по отворањето на зоолошката градина за посетителите. Таа се наоѓа на околу 30 километри северно од главниот град на Белгија, Брисел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг