Келнерката не можела да поверува: Се обидел да го плати оброкот со нејзината украдена кредитна картичка

Точка

21/06/2018

12:02

4.404

Големина на фонт

а а а

Една келнерка во Арканзас не можела да поверува кога ја добила сопствената кредитна картичка со која крадецот кој пред два дена ѝ ја украл чантата, сакал да го плати оброкот.

Флора Лансфорд, која работи како келнерка во ресторанот "Shannon's" во Пајн Блаф, била спремна да му наплати на Шамон Вест, кога го забележала нејзиното име на кредитната картичка која ѝ ја дал. 


Бидејќи одбила да му го наплати оброкот, 58-годишната жена повикала полиција која го уапсила 21-годишниот Вест. Кај крадецот биле пронајдени и други нејзини картички, како и возачката дозвола.


Неволјата за г-ѓа Лансфорд започнала на 16-ти мај, кога нејзиниот автомобил бил обиен, два блока од ресторанот. Надзорната камера покажала како осомничениот провалува во возилото, ја краде чантата и се враќа во својот автомобил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг