Пожар во Куманово, нема повредени

Макфакс

21/06/2018

11:41

1.011

Големина на фонт

а а а

Покуќнина изгоре во пожар во Куманово, кој вчера напладне ја зафатил семејната куќа на 51-годишната Ц.Б. од Куманово.

Во 12.30 часот во Полициската станица Куманово, од Територијалната противпожарна единица Куманово било пријавено дека во куќа на улицата „Доне Божинов“ во Куманово настанал пожар.

По кажување на сопственичката, пожарот настанал додека таа била излезена и немало никој во куќата. Од пожарот изгорела дел од покуќнината. Огнот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица, а по овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.



Спонзорирани линкови

Маркетинг