"Српскиот Рамбо" позирал со пиштол: Селфи фотографија со оружје како ритуал пред извршените убиства

Точка

21/06/2018

10:44

3.651

Големина на фонт

а а а

Шпанските медиуми објавиле фотографии кои инспекторите ги пронашле во Go Pro камерата на 37-годишниот Норберт Фехер, познат како Игор Вацлавиќ или Игор Рус, кој од декември 2017. година се наоѓа во шпанскиот затвор Зуера во Сарагоса, поради тројно убиство извршено во Италија и Шпанија во текот на минатата година.

Овие фотографии наводно настанале неколку месеци пред неговото апсење, пренесуваат шпанските медиуми. 

На фотографиите се гледа како Фехер позира со пиштол, со кој подоцна убил три лица. На едно селфи се смее, додека на друго со прстите ја покажува буквата "V", што е знак за победа.

Меѓу фотографиите се наоѓаат и оние на кои позира во војничка униформа и со маска преку лицето. Фотографиите ги објавил еден шпански медиум.

Фотографиите и снимките од неговата "Go Pro" камера сведочат за неговото движење пред да убие двајца полицајци и еден цивил.

На повеќето фотографии Фехер позира со пиштол, кој го украл од обезбедување во Италија на 30. март во 2017. година. Со тој ист пиштол убил шанкер на 1. април во 2017., а потоа и чувар на шума на 8. април.

Уапсениот Србин на некои фотографии се смее, додека на други позира со рибарска капа или шешир.

На некои фотографии во позадина се гледа и велосипедот кој го користел за превоз и вреќа за спиење која ја користел во текот на криењето во Шпанија.

Фотографиите на Игор Рус можете да ги погледнете ТУКА.

Игор Вацлавиќ, попознат како "Српски Рамбо", уапсен е во декември 2017. година во Теруела во Шпанија, по потрагата која траела неколку месеци. Игор Рус е осомничен за грабеж и тројно убиство во Италија. Убиецот во текот на акцијата за апсење во Шпанија убил уште три лица: еден цивил и двајца полицајци. Инаку, Вацлавиќ бил најбаран бегалец во Италија, каде престојувал од 2006. година..




Спонзорирани линкови

Маркетинг