Брутална шега на американскиот државен секретар! Му рекол на Ким: И натаму се обидувам да те убијам! Еве како реагирал лидерот на Пјонгјанг

Точка

21/06/2018

09:52

3.069

Големина на фонт

а а а

Во јавноста протекле необични детали од состанокот на државниот секретар на САД, Мајк Помпео и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун во Пјонгјанг на 9. мај.

Меѓу другото, според податоците на извори во ЦИА, Помпео отворено се пошегувал на темата "ликвидација на својот домаќин". 

Да потсетиме, Мајк Помпео во 2017. година, зборувајќи за можностите за смена на режимот во Северна Кореја, нагласил дека голем број на луѓе сакаат Ким да замине.

Во текот на состанокот пред еден месец, лидерот на Северна Кореја го потсетил американскиот службеник на неговите зборови. Меѓутоа, Помпео, според зборовите на изворите, не се налутил.

"Тој се пошегува, велејќи дека и натаму се обидува да го убие Ким Јонг Ун, па двајцата се насмеаја", пишуваат медиумите.

Потсетуваме, во Сингапур на 12. јуни бил одржан историскиот состанок меѓу претседателите на САД и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Јонг Ун.

Трамп средбата ја оценил како "многу, многу продуктивна".




Спонзорирани линкови

Маркетинг