Протести низ цела Романија, на антикорупционерите им порачаа дека се „гнездо на крадци и мафијаши“

Макфакс

21/06/2018

09:47

1.051

Големина на фонт

а а а

Во неколку романски градови минатата ноќ имаше протести на кои беше побарано владата да ја гарантира независноста на судството. Околу 10.000 луѓе се придружија на протестот во Букурешт, а протести се одржаа во уште 10-тина градови, против законот кој сметаат дека ќе ја олесни корупцијата на високо ниво.

Романските демонстранти синоќа влегоа во зградата на парламентот во Букурешт. Учесниците на протестот успеаја да влезат во парламентот, придружувани од пратеникот од опозициската партија „Да го спасиме романското единство“. Држејќи транспарент со напис „Гнездо на крадци и мафијаши“ тие ја повикаа романската Управа за борба против корупцијата да дојде, додека телевизиските станици во живо го пренесуваа протестот.

Пратениците во понеделникот ги одобрија измените на кривичниот закон кој критичарите го опишаа како чекор назад во процесуирањето на корупцијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг