Во ЕУ лани имало 50 отсто повеќе терористички напади во споредба со 2016 година

Макфакс

21/06/2018

09:45

1.098

Големина на фонт

а а а

Во земјите-членки на Европската Унија минатата година имало 50 отсто повеќе терористички напади и обиди за напади поврзани со џихадистите во однос на 2016 година, соопшти Европол.

Девет членки на Унијата во 2016 година пријавиле 142 неуспешни напади, додека бројот на обиди за напади лани бил 205, што е за околу 45 отсто повеќе.

Во вкупно 33 терористички напади, пак, лани загинале 68 луѓе, додека 844 биле повредени. Во извештајот се наведува и дека има благ пораст на бројот на напади кои ги извршиле левичарски или анархистички групи и поединци.

Извршната директорка на Европол, Катрин де Бол, рекла дека бројките во извештајот не се само статистика.

„Не смееме да заборавиме дека зад секој број стои барем една невина жртва. За да се бориме против тероризмот важно е да имаме оптимална размена на информации и точни податоци“, навела Де Бол.

Европол соопшти и дека лани се уапсени 975 лица поради тероризам, односно учество или подготовка на терористички напади, потоа поради џихадистичка пропаганда или регрутација, а оружјето кое најчесто е користено за нападите се ножеви.



Спонзорирани линкови

Маркетинг