Ќе изедат над 15 илјади кучиња, а еве колку чини килограм месо: Морничави фотографии од најужасниот фестивал во Кина

Точка

21/06/2018

11:43

11.440

Големина на фонт

а а а

Кинеските власти официјално го немаат забрането одржувањето на овој фестивал на кој што се проценува дека ќе бидат убиени и изедени над 15 илјади кучиња.

Од Кина пристигнуваат прилично вознемирувачки фотографии од кланицата на која што се гледаат мртви кучиња кои се подготвуваат за морничавиот „фестивал на месото“, или животни кои што во кафезите го чекаат својот ред.

Еден од најужасните фестивали на светот ќе се одржува во градот Џулин во централна Кина од 21-ви до 30-ти јуни.


Досега биле убиени илајдници кучиња и мачки, а британски „Дејли Мејл“ пренесува дека дневно биле убивани и до 50 кучиња. Кога фестивалот за прв пат бил одржан во 2010-та година, за 10 дена луѓето изеле од 10 до 15 илјади кучиња, а подоцна бројката била намалена поради жестоките меѓународни критики.

Активисти на Меѓународно хуманитарно друштво успеале да направат фотографии од кланиците, откако убедиле еден сопственик да пушти 135 кучиња: „Тоа што го видов ќе ме прогонува со месеци. Никогаш не сум видел толку многу исплашени кучиња“, изјавил член на хуманитарното друштво.


На морничавите фотографии може да се видат исплашените кучиња, касапи со ножеви во раце, машини за одстранување на влакната од кучињата и искасапени кучиња спремни да бидат продадени на фестивалот.

Цената на свежо месо се движи околу 500 денари за килограм, а жителите на овој кинески град верувале дека јадењето на кучешко месо во текот на летото ќе им помогне да ги издржат високите температури и да имаат здрав метаболизам.


Кучињата ги убиваат на најбрутален можен начин затоа што веруваат дека ако повеќе ги боли, така месото ќе биде повкусно. Додека кучињата се живи, тие дури и им ја дерат кожата, ги удираат со чекани, ги сечат со моторни пили, ги ставаат во врела вода или ги горат.

Се проценува дека луѓето на фестивалот јадат околу 230 илјади килограми месо. Инаку, јадењето на кучешко месо не е забрането во Кина и годишно се убиваат од 10 до 20 милиони кучиња за да ги задоволат потребите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг