„Страшно е да се менува името“, велат демонстрантите пред Собранието

Макфакс

20/06/2018

20:39

3.287

Големина на фонт

а а а

Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името започна протестот пред македонското Собрание.

Демонстрантите порачуваат дека е страшно да се менува името и никој не смее да го бара тоа од нас. Велат дека меѓународната заедница требала да ја прифати земјата под уставното име.

„Договорот е против сите правила, а некој само си мисли дека може да ги спроведе“, извикуваат присутните.

И вечерва нема распоред во однос на тоа кој ќе се обрати на протестот, а собраните велат дека тоа ќе биде спонтано.

Полициските специјалци се наоѓаат зад Собранието, додека напред се распоредени само мал број припадници на полицијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг