Унгарија го усвои законот „Стоп Сорос“ за казнување на помагачите на мигрантите

Макфакс

20/06/2018

19:34

1.550

Големина на фонт

а а а

Унгарскиот парламент го усвои пакет законот под името „Стоп-Сорос“ со кој се овозможува кривично гонење на лица и невладини организации ако им помагаат на мигрантите, пренесе новинската агенција „Франс прес“.

Премиерот, Виктор Орбан пред победата на парламентарните избори вети дека ќе предложи таков закон.

„Стоп сорос“ беше изгласан со 160 гласови „за“ и 18 „против“.

Орбан претходно ја покрена кампањата против Џорџ Сорос, американски милијардер од унгарско порекло, кој го обвинува дека преку невладините организации што ги финансира поттикнува масовно доселување во Европа.

Со новиот закон, предвидена е казна затвор до една година, за секој кој ќе и помогне на личност која нелегално влегла во Унгарија од земја што не е дел од шенгенскиот простор. Помагачот нема да биде казнет ако мигрантот бил изложен на непосредна опасност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг