Проституцијата во Русија во подем, а овој хорор се случува зад блескавиот сјај на Мундијалот: Измамени жени во голем број, доаѓаат во Русија, а потоа почнува пеколот

Точка

20/06/2018

18:53

7.731

Големина на фонт

а а а

Јулија истакнала дека Русија попушта кога станува збор за нејзиниот строг визен режим поради Мундијалот.

Иако проституцијата е илегална во Русија, постојат околу три милиони секс работнички во таа земја, пренесува активист на групата "Silver Rose". Групата истакнува дека полицијата до неодамна ја вртела главата и замижувала на ваквите случаи. 

Меѓутоа, сега кога Русија е домаќин на Светското првенство во фудбал, властите прават се што е во нивна моќ за да спречат се што би можело да наштети на нивната репутација.

За сите секс работнички во 11 градови во Русија тоа значи дека ќе мора да се соочат со секојдневни полициски рации.

И покрај напорите на властите ситуацијата барем малку да се среди, активистите предупредуваат дека олеснатиот режим за добивање на виза во текот на Мундијалот во 2018. година би можел да ја отвори вратата за трговија со луѓе.

Јулија Силујанова, активистка на "Алтернатива", вели дека Светското првенство всушност е подарок за шверцерите на луѓе, пренесува "Moscow Times".

Таа неодамна во канцелариите на "Алтернатива" во близина на Кремљ ја изразила својата загриженост. Јулија истакнала дека Русија попушта кога станува збор за нејзиниот строг визен режим поради Мундијалот.

На туристите влез во земјата ќе им биде дозволен ако имаат само една карта за натпревар.

Таа истакнала дека во текот на минатата година за време на Купот на конфедерации бил тестиран новиот визен режим. "Алтернатива" забележала дека тогаш била зголемена трговијата со луѓе.

"Половина од нив биле секс работници, а другата половина луѓе кои чувале деца. Повеќето жени во Русија доаѓаат од Западна Африка, постсоветските држави и југоисточна Азија.

"Ниедна група не знае дека ќе им бидат одземени пасошите кога ќе пристигнат, и дека ќе ги продадат во просек за 50.000 долари, пред да им ги вратат документите", рекла таа.

Жените се наоѓаат во мали станови, а можат да излезат само кога одат да се најдат со клиенти. Оние кои одбиваат физички се злоставуваат, а им се закануваат и дека ќе им го повредат семејството кое го оставиле дома.

Една жена на пример била заклучена во тоалет три дена без храна и вода.

"Алтернатива" од почетокот на годината ослободила дури 20 жени од Нигерија, кои биле доведени во Русија во текот на Купот на Конфедерации.

Една жена во Русија била доведена во текот на 2016. година. Во Лагос запознала жена која и рекла дека во Русија би можела да се образува, а дека се ќе плати така што ќе работи како проститутка шест месеци.

Бидејќи го напуштила училиштето за да се грижи за својата мајка, браќата и сестрите, мислела дека фатила џекпот.

Кога била доведена во Москва, одземен и бил пасошот. Потоа била одведена во стан со уште шест жени, каде и било кажано дека ќе мора да заработи 45.000 долари за да и го вратат пасошот.

Иако таа жена редовно ја тепала, таа кажала дека повеќе се плашела од своите клиенти. Неколку пати ја тепале, не сакале да користат кондоми, а некогаш и земале пари по односите.

Кога еднаш се спротивставила, клиентот и ја земал облеката и ја исфрлил на улица на сред зима, пишува "Moscow Times".

Сега постои страв дека на Светското првенство ќе се отворат вратите за поголема трговија со луѓе, па нигериските службеници сакаат да ги преземат потребните мерки тоа да го спречат.

Активистите истакнуваат дека имале потешкотии да ги натераат властите да соработуваат со нив.

Вероника Антимоник, која работи за фондацијата "Сигурна куќа", вели дека руските закони се против трговијата со луѓе, па поради тоа владата нема програми за да се бори против тој проблем.

Таа води семинари за трговија со луѓе и експлоатација во пет градови кои се домаќини на Светското првенство. Русите во главно за овие проблеми ги обвинуваат жените. Тие мислат дека девојките знаат во што се впуштаат.

54-годишната Ирина Маслова, која е основач на групата "Silver Rose", истакнува дека во главно секс работничките се виновни за ситуацијата во која ќе се најдат.

Таа истакнува дека жените кои вртат кон проституција, всушност се ранливи членови на руското општество.

Ирина се потсетува на случај од 2016. година, кога неколку мажи провалиле во еден бордел и принудиле 10 жени голи да шетаат по улица до локалната полициска станица.

Полицијата потоа ги држела околу 36 часа без храна, вода и облека. Бидејќи проституцијата е илегална во Русија, не постои здравствена заштита за овие жени.

Клиентите одбиваат да носат кондоми, па со самото тоа се зголемува веројатноста дека овие жени ќе се заразат од ХИВ.

Бидејќи владата на ова не обраќа внимание, активистите на овие жени им служат како последна шанса.



Спонзорирани линкови

Маркетинг