Колку блиску е Њујорк до легализирање на марихуаната? "Марихуаната е всушност добра", објавуваат властите

Точка

20/06/2018

16:22

1.588

Големина на фонт

а а а

Иако властите во Њујорк се против употреба на марихуана, новото истражување на нивното министерство за здравство препорачува легализација на марихуаната за рекреациски цели.

"Сфативме дека позитивните работи ги надминуваат негативните, извештајот препорачува регулирана и легална програма со дистрибуција на марихуана која би им била достапна на полнолетните личности во државата Њујорк. Земајќи го во предвид широкиот спектар на прашања, од добивање на дозвола за конзумација, влијанието на увозот, производството и дистрибуцијата, заклучено е дека легалната марихуана би можела да се дистрибуира во целата држава", вели Хауард Зукер од министерството за здравство. 


Њујорк има строги закони кои ја регулираат марихуана, посебно за либералната држава, дури и марихуаната за медицински цели строго се контролира, а пациентите можат да користат производи кои не се пушат. Во предлогот, во реформите за законодавство се наведува дека ќе се евидентираат и зависниците кои ќе можат да добијат рецепти за медицинска марихуана.


Објавата која Зукер ја издаде околу целосната легализација се разликува од досегашните иницијативи, бидејќи доаѓа од администрацијата на гувернерот Ендру Куома, кој е заговорник за забраната за марихуана.


Одвоено од овој предлог, полицијата на Њујорк планира да ги намали рестрикциите за пушење марихуана во јавност. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио рече дека сака полицијата да издава опомени и повици на суд, во замена на апсење за пушење марихуана во јавност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг