Скандал го тресе "Benetton": Во реклама користеле фотографија од спасени мигранти

Точка

20/06/2018

14:46

2.091

Големина на фонт

а а а

Хуманитарната група нагласила дека не дава согласност за никаква комерцијална употреба на оваа фотографија.

Француската хуманитарна организација "SOS Mediteran" го критикувала произведувачот на облека "Benetton", бидејќи во рекламната кампања користел фотографија од мигранти спасени на море. 

""SOS Mediteran" во целост се дистанцира од оваа кампања во која се прикажува фотографија направена додека нашите тимови спасувале луѓе во проблеми на море на 9. јуни", соопштила оваа организација преку Твитер.

Фотографијата, објавена на интернет и во дневните весници, како што наведува невладината организација, ги прикажува мигрантите во чамец со црвени спасувачки елеци и мотото на компанијата "Обединети бои на Бенетон" на дното.

Организацијата "SOS Mediteran" нагласува дека во секој момент мора да се почитува достоинството на преживеаните.

##https://twitter.com/benetton/status/1008663786759303170##

Човековата трагедија до Средоземното море не смее никогаш да се користи во никакви комерцијални цели - се додава во соопштението, пренесува "AFP".

Хуманитарната група нагласила дека не дава согласност за никаква комерцијална употреба на овие фотографии.

"Beneton" на својот профил на Твитер објавил една фотографија со мигранти која ја направила организацијата "SOS Mediteran" и една која и припаѓа на новинската агенција "ANSA".



Спонзорирани линкови

Маркетинг