3 чекори за да го подготвите вашето тело за летниот период

Точка

21/06/2018

00:00

5.118

Големина на фонт

а а а

Летото официјално и календарски започнува. Некои веќе започнаа со подготовки за летните денови, но и за оние кои се уште не започнале, не е доцна. Покрај убавиот изглед на плажа, на телото му е потребна поготовка и за ефектите од топлината и сонцето. Низ овие три важни чекори на подоготовка можете да ги поминете топлите денови без мака.

Вежбање


Придобивките од редовното вежбање не само што ќе направат да ги намалите вишокот килограми, туку и трајно ќе ве ослободи од вишокот маснотии и ќе ви овозможи формирање на тонирана мускулатура која во топлите денови ни е поизложена поради кратката облека која ја носиме. За да имате добар ефект од вежбањето, многу е важно тоа да го правите редовно и на правилен начин.

За оние кои никогаш не вежбаат, добар почеток би бил секојдневното пешачење на подолга дистанца. Покрај тоа што ќе изгледате подобро, со редовна активност и ќе се чувствувате подобро и полесно во деновите проследени со високи температури. На тој начин вашиот метаболизам ќе започне да работи побрзо и побрзо ќе ги троши калориите кои ги внесувате, што не води до наредниот чекор кој е потребен да го преземете за да се одржите во топ форма.

Исхрана


Топлите температури ни наложуваат да јадеме и полесна храна, со помалку калории. Потребно е да јадете многу зеленчук, овошје во ограничени порции бидејќи тоа сепак содржи  шеќери кои доколку ги консумирате во прекумерни количини, може да ве здебелат. Многу важно, а можеби и најважно кога станува збор за храната е да консумирате доволно количество на протеин, особено доколку вежбате.

Храната која се базира на протеин, како јајца, месо, риба треба да биде често застапена на вашата трпеза. Уште едно нутриционистичко решение кое совршено одговара за сите кои сакаат да се грижат за себе особено во овој период, како и за вегетаријанците кои не јадат месо, е храната NuMe. NuMe е храна која се базира на висок процент на протеини, од кој најзастапен е колагенот, додека процентот на калории кој се содржи во оваа храна е многу мал. 


Погодна е особено за топлите денови кога не сакаме да го минуваме времето готвејќи над шпоретот, а уште поголема придобивка е што можеме да ја носиме секаде со себе, па и на плажа, поради лесниот начин на подготовка на оброците. Асортиманот на NuMe нуди протеински шејкови, протеински слим барчиња и протеински супи кои во целост можат да ви заменат оброк и преку кои ги внесувате сите нутритивни вредности кои му се потребни на организмот.

Присуството на висок процент на колагенот во оваа храна носи многу придобивки, меќу кои: ефикасно намалување на вишокот килограми, намалување на нивото на холестеролот, намален ризик за појава на дијабет, игра улога и при намалување на крвниот притисок и ризикот за срцеви заболувања. Колагенот игра голема улога и во подобрување на спиењето, ја прави кожата мазна и сјајна и помага за побрз раст на косата.

Хидратација


Трето, но не и помалку важно, е да ја зголемите консумацијата на вода за да му ја овозможите потребната хидратација на важето тело. Шеесет проценти од телото е вода. Истражувањата покажуваат дека адекватниот внес на вода помага при намалување на килограмите, ја прави кожата поубава и поеластична, го намалува чувството на изнемоштеност поради топлина.

Иако многу се дебатира околу тоа колку вода треба да испиеме во текот на денот, добар пример по кој можеме сите да се водиме е тоа да ја забележиме бојата на урината. Доколу бојата на урината до попладневните часови е бистра, тогаш вие сте испиле доволна количина на вода која му е потребна на огранизмот. Пожелно е поголемо количество на вода да се пие во првата половина од денот, за да не се зголемува потребата за мокрење во ноќните часови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг