За седум месеци потрошил 72 минути на пауза за ручек - неговата компанија јавно се огласила за неговата казна

Точка

20/06/2018

14:40

5.613

Големина на фонт

а а а

Една компанија за вода од Јапонија упатила јавно извинување на сите свои потрошувачи поради тоа што нивниот работник бил фатен дека оди на пауза за ручек.

Имено, еден 64-годишен вработен од градот Кобе на периферијата Осака во Јапонија, за седум месеци зел вкупно 72 минути за пауза за ручек.  


Неговите надредени тврдат дека тој изгубил голем дел од времето во потрага по храна, што не е добро за компанијата. Нивната пресметка е дека неговото заминување до најблиската продавница кое треба да трае само три минути, се повторило 26 пати помеѓу септември 2017 и март 2018 година.

Човекот бил фатен така што го забележал еден од вработените низ прозорец и веднаш го пријавил. Челниците на компанијата веднаш јавно се извиниле поради "скандалот" на сите свои корисници.

"Навистина нѝ е жал што дојде до ваков скандал и сакаме најискрено да ви се извиниме", изјавил еден од челниците на компанијата и додал дека на работникот му е намалена платата поради "злосторството кое тој го сторил". 

По јавното извинување, корисниците на социјалните мрежи застанале во одбрана на човекот кој сакал само да "купи ручек", а самиот потег и казна ја нарекле "апсурдна". По овој случај била покрената дебата за јапонската работничка култура, каде чести примери се вработените кои ретко земаат слободни денови и работат значително многу повеќе од предвиденото. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг