Рено: Разделбата е нормална еволуција

КРУГ.МК

20/06/2018

13:43

2.001

Големина на фонт

а а а

Рено Спорт денеска дадоа внимателно напишано соопштение со кое потврдуваат дека нема повеќе да ги снабдуваат Ред Бул со мотори почнувајќи од следната година.

Денеска Ред Бул соопштија дека оваа сезона ќе ја завршат со Рено, а за наредните имаат потпишано двегодишен договор со Хонда која веќе го снабдува нивниот јуниорски тим Торо Росо. Ова значи крај за 12-годишното партнерство меѓу Ред Бул и Рено. За францускиот производител ова е природна разделба после долгогодишна соработка.

„Рено Спорт Рејсинг го потврдува новото партнерство меѓу Ред Бул Рејсинг и Хонда. Две години откако Рено се врати како фабрички тим, ова е природна разделба помеѓу Рено и Ред Бул кои имаат различни аспирации.

Ние сме горди на резултатите со Ред Бул во изминатите две години. Имавме четири последователни двојни титули и 57 победи“, објаснуваат од Рено.

Рено го врти фокусот кон фабричкиот тим заедно со Мекларен кој е нивни клиент од крајот на 2017 година.

„По две сезони сега сме целосно фокусирани на силен прогрес на нашиот тим и новото партнерство со Мекларен“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг