Германскиот претседател со критика до САД: Трамп возврати - дозволувате влез на милиони луѓе кои насилно ја менуваат културата на Европа!

Точка

20/06/2018

16:32

4.705

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Германија смета дека „штетата по трансатлантското партнерство би била непоправлива“, додека пак Доналд Трамп тврди дека „владеачката коалиција во Берлин се тресе и народот се врти против власта“.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер порача во текот на вчерашниот ден дека се плаши дека односите помеѓу Европа и Соединетите Американски Држави би можеле да претрпат „непоправлива штета“.

Штајнмајер исто така го повика Вашингтон да не гледа на светот како на „боксерски ринг во кој што секој се бори против секого“.

Секако, неговиот коментар е поврзан со одлуката на Доналд Трамп да воведе царини на увозот на челик и алуминиум од Европа. Понатаму, Трамп специфично ја критикуваше германската власт во врска со многу теми – од економијата до миграцијата.


„Помалку сум загрижен за иднината на американската демократија, отколку што сум загрижен за нашето трансатлантско партнерство. Штетата која што произлегува од денешниот шок би можела да биде трајна, долгорочна и можеби непоправлива“, изјави Штајнмаер.

Што се однесува до Трамп, тој вчера на својот профил на социјалната мрежа Твитер даде коментар за германските власти, како и за актуелниот предлог на германската канцеларка во врска со миграцијата.


„Народот на Германија се врти против својата власт додека миграцијајта ја тресе веќе потресената власт во Берлин. Криминалот во Германија многу порасна. Лоши одлуки се носат низ дел од Европа, дозволувајќи влез на милиони луѓе кои што силно и насилно ја менуваат културата на Европа“.

Меркел му одговори на Трамп тврдејќи дека неговите ставови немаат врска со реалноста и укажа на статистиките кои што покажуваат дека стапката на криминал наводно се намалила во последниот период.



Спонзорирани линкови

Маркетинг