Столтенберг: Македонија може да добие покана за НАТО на самитот на 11 и 12 јули

Нетпрес

20/06/2018

13:08

2.675

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се надева дека ќе може да биде испратена покана за членство на Македонија во Алијансата на самитот што на 11 и 12 јули ќе се одржи во Брисел, откако Скопје и Атина постигнаа договор за спроот за името.

Се надевам дека ќе има напредок со поранешната југословенска Република Македонија бидејќи тие постигнаа договор со Грција за проблемот со името. Ако тој договор биде финализиран и целосно применет новото име ќе биде Република Северна Македонија и тогаш можеме да тргнеме кон членство на поранешната југословенска Република Македонија во НАТО. Искрено се надевам дека тоа ќе можеме да го направиме, изјави Столтенберг во интервју за француската телевизија „Франс 24“.

На прашањето дали има временска рамка за членството на Македонија, првиот човек на НАТО вели дека тоа зависи од финализирањето на договорот во Скопје.

Но, јас се надевам дека ќе можеме да почнеме преговорите за членство, односно да донесеме одлука за нивен почеток на самитот на НАТО во јули, ако се се одвива според планираното околу ратификацијата и референдумот кој ќе се одржи подоцна оваа година, изјави Јенс Столтенберг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг