Навивачите на Манчестер Јунајтед може да здивнат: Де Хеа потпишува нов договор

Дерби

20/06/2018

12:57

1.128

Големина на фонт

а а а

Давид Де Хеа е пред продолжување на соработката со Манчестер Јунајтед откако се согласил на нов договор со кој би заработувал 18 милиони фунти по сезона со што би станал најскапо платениот голман во светот.

Според новинарот на Луис Рохо од „Марка“ преговорите меѓу двете страни започнале пред неколку месеци, а сега бил постигнат договор и се чека само Де Хеа да стави потпис на договорот. Тоа би требало да се случи по крајот на Светското првенство каде голманот настапува со репрезентацијата на Шпанија.

27 годишниот голман ќе потпише петгодишен договор со Манчестер Јунајтед, а според Рохо ова ќе биде најдобриот трансфер на „ѓаволите“ ова лето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг