Побарала на Тиндер некој да ја плати нејзината казна од 110 долари, ја дочекало изненадување

Точка

20/06/2018

17:04

9.927

Големина на фонт

а а а

Една студентка по име Лекси (25) ја објавила својата казна за погрешно паркирање на Тиндер и замолила некој да ѝ ја плати. Таа останала прилично шокирана кога маж од другата страна на светот ѝ ја исполнил желбата.

Лекси, која студира на универзитетот Њукасл во Австралија, дознала дека инженерот Мет Мекхју од Луизијана ја платил нејзината казна. 


Мет изјавил дека ја платил казната откако се допишувал со Лекси, но и дека не очекува никаква противуслуга за стореното дело.

"Барам фино момче кое ќе ја плати казната", напишала Лекси на својот профил на Тиндер. Мекхју брзо потоа ѝ испратил фотографија како доказ дека казната од 110 долари е платена.


"Беше прилично фина и одлучив да ѝ помогнам. Не се надевам на ништо друго освен на пријателство. Можеме сите да сонуваме, но тешко дека преубава руса Австралијанка ќе дојде во Америка. Можеби ќе можам да ја почестам пиво ако некогаш отпатувам за Австралија", изјавил Мет.


Тој додал и дека наишол на нејзиниот профил бидејќи користи опција за следење на луѓе од Австралија.

"Би сакал да ја посетам Австралија, на тоа се обидувам веќе со години. Не сакам да бидам сам таму, би било убаво доколку запознаам пар луѓе пред патувањето", заклучил инженерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг