Застрашувачко убиство: Пред камерите уби тинејџерка откако таа ја одби неговата брачна понуда

Точка

20/06/2018

17:04

6.752

Големина на фонт

а а а

Младата девојка беше убиена на сред улица откако ја одбила брачната понуда на дечкото кој што сакал да се ожени со неа.

18-годишната Мехвиш Аршад е убиена во пакистанскиот град Фаисалабад, а убиството било снимено од надзорните камери. За убиството е осомничен нејзиниот поранешен колега кој што работел како обезбедување.

Безбедносните камери ја снимиле младата Мехвиш додека ја напаѓа мажот. Тој грубо ја фаќа додека таа нешто му одговара, а потоа се витка и паѓа на земја откако е застрелана во стомак. Девојката може да се види како лежи и се бори за здив како последица од застрелувањето.

Убиецот Умер Дараз кој што работел како обезбедување во истата автобуска компанија во која што работела убиената бил веднаш уапсен и обвинет за убиство.

Снимката од безбедносните камери експресно се прошири низ социјалните мрежи во Пакистан, а како што пренесуваат тамошните медиуми, девојката била застрелана додека си одела дома, откако претходно ја одбила брачната понуда на Дараз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг