Веројатно е многу посебна: За Лео Меси девојките корнат коса, а тој од својата 9 - та година бил заљубен во оваа девојка и знаел дека ќе му биде идна жена

Точка

19/06/2018

20:12

11.861

Големина на фонт

а а а

Жените, девојките и партнерките на фудбалерите се секогаш врела тема во медиумите, а особено кога нивната страст ќе го достигне својот максимум или ќе биде крунисана со брак. Очите на мнозинството од медиумите и обожавателите овие денови се упатени кон сопругата на еден најславните светски фудбалери Лео Меси.

Лео Меси, еден од најдобрите фудбалери на светот уште од своето детство ја имал поддршката од спротивниот пол. Својата сопруга Антонела Рокузо ја запознал кога имал само 5 години, а навидум тие биле во врска уште во средно училиште. Некои извори велат дека тој од 9 години сакал таа да му стане жена, па затоа често ѝ праќал љубовни писма.



За разлика од останатите фудбалери, Меси никогаш не бил заводник и не ги менувал девојките, а Антонела е прва и еднинствена жена во неговиот живот. Меси ја претстави Антонела на светот во 2008 година, бидејќи сите се прашувале која е таа жена којашто ја сака најталентираниот фудбалер на Барселона.

 


Антонела студирала стоматологија, а од истата се откажала за да запише нов факултет каде што ќе ги усоврши своите комуникациски вештини. Ниту тоа не ѝ одело баш најдобро, па затоа таа се одлучила да гради манекенска кариера.




Сепак таа не сака медиуми и постојано ги одбива интервјуата. Таа не е активна ниту на “Фејсбук“ ниту на “Твитер“, а на “Инстаграм“ повремено објавува фотографии заедно со сопругот и синовите.



Меси и Антонела го добиле првиот син Тиаго во 2012 година, а три години подоцна се родил и Матео. Пследниве неколку години парот го добил и третиот син Циру, а фановите на Барселона и аргентинската репрезентација се пресреќни за неговите синови коишто можеби ќе тргнат по стапките на татко им.

Лео и Антонела се венчале минатата година во родната Аргентина, а деталите од свадбата успеале да ги сочуваат далеку од очите на јавноста.




Спонзорирани линкови

Маркетинг