"Billionaire Boys Club": Глумецот се враќа на филмското платно откако призна дека е хомосексуалец и беше обвинет за сексуално насилство

Точка

19/06/2018

20:03

3.521

Големина на фонт

а а а

Глумецот Кевин Спејси се враќа на филмското платно со улога во филмот "Billionaire Boys Club". Ова е неговата прва улога откако беше обвинет за сексуално насилство и кога јавно призна дека е хомосексуалец.

Филмот "Billionaire Boys Club" е снимен пред да се појави скандалот за сексуалното вознемирување, а во кината треба да пристигне во август оваа година. 

"Се надеваме дека обвиненијата кои се однесуваат на однесувањето на еден од нашите глумци, а кои не беа јавно познати кога се снимаше филмот, нема да претставуваат препрека за ова остварување. Одлуката за објавувањето на филмот не беше ниту малку лесна", објасниле дистрибутерите.


Овој филм ја пренесува вистинската приказна за група млади луѓе кои во 80 - те години на минатиот век организирале клуб кој треба да се збогати со проневери. Спејси ја толкува улогата на Рон Левин, измамник и хомосексуалец кој е убиен откако излажал неколку групи на луѓе. Неговото тело никогаш не е пронајдено, па некои сметаат дека тој сè уште е жив.


Режијата на филмот ја потпишува Џејмс Кокс, а покрај Спејси се појавува и Ансел Елгорт, Тарон Егертон, Ема Робертс, Суки Ватерхаус и многу други.




Спонзорирани линкови

Маркетинг