На блогерката ѝ се случи најголемиот страв, келенерката ѝ донесе сметка и ја исмеа нејзината порачка: "Да можев да ги јадам тие намирници, би ги јадела"

Точка

19/06/2018

19:25

6.097

Големина на фонт

а а а

Блогерката која страда од синдром на иритабилно црево непријатно се изненади кога ја погледна сметката на која што келнерката напишала нешто несоодветно. Били Џин, блогерката која пишува за храна, тврди дека ѝ се случил "најголемиот страв" кога го погледнала коментарот на келнерката на сметката.

Таа страда од синдромот иритабилно црево кој се карактеризира со болки во стомакот, грчеви и нередовна потреба за во тоалет, поради што мора да биде на строга диета. 

Неодамна излегла на вечера во еден мексикански ресторан и порачала риба филе, но ги замолила да не го подготвуваат со кромид, лук и млеко. Оброкот поминал како што треба, но непријатно се изненадила кога на сметката на својата порачка го погледнала коментарот: "хахаха".

##https://twitter.com/BillieGeena/status/1003609323237531649##

Сметката ја објави на Твитер со зборовите: "Мојот најголем страв поврзан за храна конечно се оствари. Не одлучив да бидам пребирлива, едноставен морам да се придржувам до строгата диета, инаку ќе ми биде многу лошо. Да можев да ги јадам тие намирници, би ги јадела".


Келнерката на крајот ѝ се извинила, велејќи дека станува збор за интерна шега помеѓу неа и куварот, а Били ѝ рекла дека таквите коментари можат навистина да допрат до некој како неа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг