Ниту “јајце на око“ ниту кајгана: Еве како да испечете “јајце на облак“

Точка

19/06/2018

18:15

11.558

Големина на фонт

а а а

Сите знаеме колку се здрави јајцата, особено затоа што изобилуваат со протеини. Можеби варените јајца се најниско калорични, но затоа пак “јајцата на око“ се голем “грев“ за многумина коишто внимаваат на линијата и килограмите.

Сите знаеме да свариме јајце, да приготвиме кајгана или пак “јајце на око“, зарем не? Овие неколку верзии за подготовка на јајцето се едни од најчестите избори за појадок во светот. Но, дали сте слушнале за тоа како да испечете “јајце на облак“ ? Ние го имаме одговорот на Вашето прашање, а истиот пронајдете го подолу во рецептот.


Потребни состојки:

- 1 јајце

- сол

Начин на подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките, а потоа белките изматете ги со помош на мискер се додека тие не се трансформираат во бела и цврста смеса. Земете една тепсија и обложете ја со хартија за печење, а потоа внимателно сипете ја смесата со белките.


Внимавајте при сипувањето да оформите гнездо од белките, а во средината ставете ги жолчките. Вака приготвените јајца посолете ги и ставете ги да се печат на 220 Целзиусови степени, на околу 5 минути.

Веруваме дека добивте одлично и иновативно испечено јајце, коешто ќе биде омилен појадок за многумина, а особено за најмладите генерации.




Спонзорирани линкови

Маркетинг