Познатата пејачка ги менува дечковците како чорапи?! Ријана го откачи арапскиот милијардер и си фати нов дечко!

Точка

19/06/2018

17:43

7.990

Големина на фонт

а а а

Познатата пејачка од Барбадос, Ријана само што ја раскинала љубовната врска со богатиот бизнисмен од Саудиска Арабија. Таа сега вплови во нова врска со глумецот Роберт Партинсон, пишуваат американските медиуми.

Близок извор на пејачката, открил дека тие двајцата неколку пати биле видени заедно.


“Неколку пати се состануваа, но сега се многу внимателни кога излегуваат надвор, поради папараците. Тие секогаш си се допаѓаа еден на друг и сега е вистинскиот момент за врска“ пренесува “Woman’s day”.


Сето ова се случувало минатиот месец на Мет Гала церемонијата, кога другарката на Ријана, Кети Пери ѝ рекла на пејачката да обрне внимание на Роберт бидејќи тој е моментално слободен. Тогаш парот го договорил тајниот состанок во Њујорк, а сега Роберт и Ријана се состануваат во Лос Анџелес.


Пејачката неодамна ја заврши едногодишната љубовна врска со милијардерот Хасан Џамил, којшто е “тежок“ 1.5 милијарди евра. Пејачката ова раскинување никогаш не го потврдила, но неодамна таа изјавила:

“Имав навика да се чувствувам виновна поради одвојувањето време за себе, но исто така мислам дека никогаш не сум запознала некој којшто е вреден за сето тоа“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг