Нов преседан во британското кралско семејство, за прв пат ќе се одржи геј свадба

Точка

19/06/2018

15:25

3.431

Големина на фонт

а а а

Изгледа дека во британското кралско семејство во последно време венчавките сè повеќе се нижат, па со истото темпо се продолжува и во следниот период. Меѓутоа, после венчавката на Хари и Меган ќе се случи уште еден преседан. Имено, кралското семејство се подготвува за првата геј свадба.

На лудиот камен со својот партнер ќе застане кралскиот лорд Ивар Маунтбатен. Тој на вечна љубов ќе му се заколне на својот долгогодишен партнер Џејмс Којл. 

Она што е посебно итнересно е дека него до олтарот ќе го одведе неговата поранешна сопруга Пени со која има три ќерки. Во пресрет на венчавката лордот даде интервју за британскиот Дејли Меил.

"Навистина сакав да го направам ова, особено поради Џејмс, кој досега не бил во брак. За мене бракот не е важен веќе еднаш бев во брак, од кој имам прекрасни деца, но инсистирам на ова, бидејќи него му е и тоа како важно. Џејмс немаше стабилен живот како мене, поради тоа сакам да му го овозможам тоа", рече Ивар.


Венчавката ќе се одржи ова лето во приватна капела на селскиот имот на лордот Ивар во Девон. Идниот младоженец откри дека и неговите ќерки се исклучително среќни поради него.




Спонзорирани линкови

Маркетинг