Порасна најмалиот Ауди: Официјално претставен новиот А1

Точка

19/06/2018

16:09

3.441

Големина на фонт

а а а

Германскиот производител Ауди денес и официјално ја претстави новата генерација на својот најмал модел на пазарот - А1.

Самите дизајнери откриваат дека идеите ги црпеле од поголемите модели на компанијата како што се А7 и А8, но и од минатото од познатиот рели модел “Quattro”. Новиот А1 е долг 4.3 метри, широк 1,74, а висок 1,41 метар. Значајно е зголемен и багажниот простор кој што сега има капацитет од 335 литри (претходно 270), а со спуштање на задната клупа се добива капацитет од 1090 литри.


Ауди А1 ќе пристигне во 11 бои, а на купувачите ќе им биде понуден избор и од две каросериски бои. Покрај тоа, понудени се три бои за фелните, па со ваквата широка палета на избор на бои, јасно е дека малиот А1 е првенствено наменет за помладите купувачи.

Како што велат од Ауди, новиот А1 ја има „најспортската кабина во својата класа“ и суштински гледано, тие не се далеку од вистината. Новиот А1 во основната верзија има дигитален дисплеј од 10,25-инчи, а кога ќе се земе во предвид и опционалното амбиентално осветлување, целата внатрешност станува уште поинтересна, со оглед на тоа што оваа опција нуди дури 30 различни бои.


Што се однесува до моторите, А1 ќе пристигне во прилично широка палета на агрегати со зафатнина од 1 и 1,5 литри. Што се однесува до моторите, А1 ќе пристигне со 6-степенски мануелен, 7-степенски автоматски и уште еден 6-степенски автоматски менувач.

Новиот А1 на Ауди би требало да пристигне во продажните салони до крајот на оваа година, а засега цените не се познати.




Спонзорирани линкови

Маркетинг