Кортни Валдон (27) од американската држава Џорџија преживеала страшна несреќа кога за време на кампување се запалила и практично цела изгорела.
Таа поминала 51 ден во болница, а кога конечно била отпуштена и дошла дома, таа сфатила дека нејзиниот маж ја напуштил нејзе и нејзината петгодишна ќерка.
"Седев покрај логорскиот оган и гледав во телефонот. Сопругот додаде бензин во огнот, кој ми го зафати лицето. Изгорениците од четврт степен на главата и трет степен на рацете, нозете и стапалата за малку ќе ме убиеја", се присетила Кортни, додавајќи дека животот ѝ го спасила брзината на Итната помош.
Кортни поминала 30 дена во индуцирана кома, а потоа закрепнувала во болница уште 21 ден. Оттогаш била подложена на 20 операции, а во наредните неколку години ја чекаат уште неколку зафати.
Нивната ќерка Каролина не знаела што се случува со Кортни се додека не се вратила од болница, кога нејзината баба ѝ објаснила дека "мама има изгореници и никогаш повеќе нема да изгледа исто". Девојчето ја препознало својата мајка по гласот и цврсто ја прегрнала.
Две недели откако се вратила во болница, сопругот на Валдон ја напуштил бидејќи како што ѝ објаснил тој "не можел да се сноси со нејзината состојба".
"Тоа всушност беше прикриен благослов. Немаше да бидам толку силна и способна колку што сум сега да беше тој тука и психички да ме убиваше", изјавила Кортни.
Таа вели дека следната цел е да им помага на жртвите.
"Бог ме спаси и сега морам да го отплатам тој долг. Сакам да му помогнам на секој кој е во неволја, без разлика дали има изгореници, дали бил во несреќа или едноставно партнерот го изневерил. Сакам да бидам тука за тие луѓе", додала таа.